Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Потрагата по возачка и пасош, како потрага по злато: нови искуства од пунктовите на МВР
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тригодишно дете од Штип хоспитализирано по труење со „бензодиезепами“
МВР
Познат идентитетот на жената пронајдена мртва во Вардар, излегла утрината од дома и не се вратила
МВР
Пронајдена марихуана при претрес во Штип
МВР
Пожар во оџак во зграда во Битола, оштетени дел од становите
МВР
Уапсен тракторист, возел со 2,83 промили алкохол
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Потрагата по возачка и пасош, како потрага по злато: нови искуства од пунктовите на МВР

Претрес.мк
Последни промени 28/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Покрај проблемите со пасошите, граѓаните на мака и со возачките дозволи. Од шалтерите на МВР, стигнуваат и нови негативни искуства. За тоа време, техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски посочува дека освен што ги намалуваат гужвите, работат и на подобрување на системот. Истовремено, дополнителникот заменик министер Митко Бојмацалив вели дека во МВР нема хаос и дека се си тече нормално.

Непозната е бројката на достапни обрасци за возачки дозволи, бидејќи во фокус беа пасошите. Но граѓаните се жалат дека и по две недели од подавањето документи, не можат да ги подигнат.

„Денес ми кажаа оти возачката не е готова. Готови се на тие што поднеле барање до 11.01. Немало обрасци. Да проверам пак после 2 недели, ама не се знае дали и тогаш ќе биде готова. За пасош пак, ич не се знае кога би бил готов “, вели граѓанин за „Скопје1“ кој го затекнавме во пунктот во МРТВ.

На социјалните мрежи нова рунда поплаки, но овојпат, поради изгубен пасош. Процедурата налага, стариот пасош да се предаде кај службениците при подавање на документи за нов пасош – а потоа, двата пасоши граѓанинот да си ги добие назад. На мрежата „Х“ се сведочи дека две лица не можеле да ги добијат старите пасоши во кои имале визи за патување.

„МВР со нова глупост. На моите им ги земале старите пасоши кога се сликале, имаат во нив 10 год амерички визи. Им јавуваат дека пасошот им е готов, старите не можат да им ги најдат. Инаку треба да патуваат за Америка наскоро“, пишува „Рамона“ на „Х“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тригодишно дете од Штип хоспитализирано по труење со „бензодиезепами“
Познат идентитетот на жената пронајдена мртва во Вардар, излегла утрината од дома и не се вратила
Пронајдена марихуана при претрес во Штип
Пожар во оџак во зграда во Битола, оштетени дел од становите
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад