Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ако не го избраа за државен обвинител, годинава ќе одеше во пензија – кој е Коцевски?
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во центарот на Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава
МВР
Фатен возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на кеј и избега
МВР
Голема акција во Скопје и Куманово
 Предмети
(Видео) Скопје: Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Киријас: „Се срамам каде живеам“
Новости
Две лица тешко повредени во сообраќајка во Битола
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Ако не го избраа за државен обвинител, годинава ќе одеше во пензија – кој е Коцевски?

Претрес.мк
Последни промени 15/02/2024
Претрес.мк
Сподели

Шест страници со многу сликички, од кои, на две се приоритетите, а на по една се клучните стратегии, планираните активности и заклучокот – вака изгледа програмата на новиот државен обвинител Љупчо Коцевски, кој во следните шест години треба да раководи со Републичкото обвинителство. Во старт објаснува што за него значи одговорно лидерство, па покажува дека ја знае организациската структура, по што посочува: „оваа програма ја отсликува мојата визија за приоритетите на обвинителството…“. Коцевски има 63 години, а според информации на „Скопје1“ годинава полни 64 години, што значи би заминал во пензија. Но бидејќи доби мандат од шест години, пензијата ќе почека.

Во приоритети, Коцевски, за кого не се знае многу, наведува дека е решен да го разбие криминалот, да ја зголеми ефикасноста во работењето, но и транспарентноста.

„Посветено ќе се залагам за бескомпромисен кривичен прогон на сите сторители на кривични дела. Приоритетите на обвинителството ќе бидат усогласени со приоритетите на ЕМПАКТ платформата (Европска мултидисциплинарнa платформa за сузбивање на криминални закани), надополнети со она што, согласно статистичките показатели во Република Северна Македонија е криминалитет, од кој граѓаните се најмногу засегнати. Централно место во овие приоритети зазема борбата против корупцијата, сузбивањето на организираниот криминал, тероризмот, компјутерскиот криминал, трговијата со луѓе, сексуалната експлоатација на деца, трговијата со мигранти, трговијата со наркотични дроги, измамите, економскиот и финансискиот криминал, еколошкиот криминал, трговијата со оружје, семејното и родово базирано насилство, насилството извршено преку интернет и слично“, стои во делот за борбата против криминалот.

Приоритети ќе му бидат отчетноста и транспарентноста, финансиската самостојност, унапредување на меѓународната соработка, промовирање на култура на интегритет. Скоро сите се точки, за кои и кај неговите претходници кажувале дека им се најважни. Потоа во делот на „клучни стратегии“, наведува дека најважно е имплементирање на препораките од Европската Унија и меѓународната заедница, па споменува и куп планови кои ги има.

Има и дел со планирани активности, па и тука повторува дека ќе внимава на отчетноста и транспарентноста, а ќе унапредува и меѓуинституционална соработка. Осврт става на конфискација на имот, финансиски истраги и стратешко партнерство.

„Да се биде јавен обвинител на Република Северна Македонија е одговорна задача која бара познавање на состојбите и предизвиците со кои се соочува обвинителството, искуство во кривичниот прогон, раководни и комуникациски вештини, професионален авторитет и доверба кај колегите. Искрено верувам дека можам да одговорам на предизвикот да го водам Јавното обвинителство, за што имам конкретна визија и план, но и решителност тие визии и планови да ги остварам. Свесен сум дека ме очекуваат навистина големи предизвици: од успешно спроведување на дигитализацијата, преку унапредување на условите и квалитетот на работењето, па се до етаблирање на обвинителството како орган на кој граѓаните ќе му веруваат и каде ќе се обратат за заштита на нивните права. Доколку бидам избран на функцијата, посветено ќе работам со единствена цел – градење на домашниот и меѓународниот кредибилитет на јавното обвинителство како вистински партнер на институциите и на сите граѓани, заштитник на сигурноста и на јавниот интерес, ефикасен борец против сите облици на криминал“, пишува Коцевски кој стана државен обвинител.

Програмата погледнете ја тука.

Можеби ќе ти се допадне

Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај

Предложено разрешување на обвинителот Хајрулахи и казна за Цветановски поради тешки дисциплински прекршувања

Коцевски засега „сигурен“, Влада држи кочница и го чека да се „докаже“

Џолев доби унапредување – од шеф на Кривичен, во судија на Апелација

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак во центарот на Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава
Фатен возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на кеј и избега
Голема акција во Скопје и Куманово
(Видео) Скопје: Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Киријас: „Се срамам каде живеам“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад