Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Калајџиев: И за сопругата на премиерот во бегство се зборуваше дека положила правосуден без да се појави
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Го нападнал татко му и со тврд предмет искршил прозорец од домот
МВР
Ограбен 24-годишен турски државјанин во Центар
МВР
Бегале од полицијата по обид за кражба, полицијата пукала предупредувачки во воздух
МВР
Кумановец ја нападнал мајка му
МВР
Повредени двајца полицајци во сообраќајка во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Мислења

Калајџиев: И за сопругата на премиерот во бегство се зборуваше дека положила правосуден без да се појави

Претрес.мк
Последни промени 30/11/2022
Претрес.мк
Сподели

Се потврдува дека системот во добра мера е корупмиран и дисфункционален, но не би било добро да судиме кај кого е одговорноста, според она што во моментот го знаеме од медиумите, смета професорот по кривично право, Гордан Калајџиев во вечерашната дебата во „Топ тема“ во врска со скандалот со предвремено полагање на правосуден испит што деновиве ја тресе јавноста.

„Допрва треба да се разјаснат некои околности. Меѓутоа, она што на прв поглед е повеќе од очигледно е дека не е точно дека проблем се законите, како што кажуваше вчера претседателот на Судот во Кавадарци. Не е точно дека има некаков пропуст, многу се мали шансите да има грешка, со оглед за кого се работи и претпоставените можни влијанија. Веројатно се работи за злоупотреба“, истакна професорот Калајџиев.

Она што, според него, е најзагрижувачки е степенот на безобразност на кој што е тоа направено.

„Ако е точно сето она што го слушаме, кандидат што нема завршено факултет, да може да има положено правосуден. Ова не е прва таква афера. Досега можеби не се дигнало толку галама. Се сеќавам дека за премиерот кој е во бегство, се зборуваше дека неговата сопруга положила правосуден без да се појави“, истакна Калајџиев.

Во јавноста деновиве изби скандал околу предвремено положени правосудни испити во кој, меѓу кандидатите, фигурира и Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Го нападнал татко му и со тврд предмет искршил прозорец од домот
Ограбен 24-годишен турски државјанин во Центар
Бегале од полицијата по обид за кражба, полицијата пукала предупредувачки во воздух
Кумановец ја нападнал мајка му
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад