34-годишен маж пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот очув во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар.Според информациите од МВР, нападот се случил на 16 ноември, а девојчето, според пријавата, било удрено со тврд предмет од очувот Ф.Д.Случајот бил пријавен на 18 ноември, во 22:20 часот, во СВР Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Сподели го овој напис
