Сексуалната злоупотреба на деца преку интернет е сериозна опасност со долгорочни последици врз жртвите. Споделувањето фотографии и видеосодржини, комуникацијата со непознати лица и злоупотребата на стекнатата доверба се само дел од ризиците на кои можат да бидат изложени децата и младите во дигиталниот простор.Со цел да ја подигне свеста за овие опасности, Министерството за внатрешни работи, во соработка со Европол и полициските служби од регионот, се вклучува во меѓународната кампања „Кажи не!“
Сподели го овој напис
