Патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки било опожарено вечерва во трговски центар на подрачјето на Ѓорче Петров. Пожарот бил пријавен во 20:30 часот во СВР Скопје, а повредени лица нема.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото е во сопственост на лице со иницијали М. А. од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
