Од 15 ноември почнува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што учествуваат во јавниот сообраќај. Возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска ризикуваат парична казна од 45 евра.Според Министерството за внатрешни работи, за патничките возила до 3.500 килограми зимската опрема подразбира зимски пневматици на сите четири тркала со најмалку четири милиметри длабочина на шарата. Како алтернатива може да се користат летни пневматици со најмалку четири милиметри шара
Сподели го овој напис
