74-годишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил на улицата „Анести Пановски“ во Битола.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 10 ноември, во 11:47 часот. Во жената удрило патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.Б. од Битола.Повредената била пренесена во болницата во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.
Сподели го овој напис
