Дваесет и осумгодишен државјанин на Таџикистан бил лишен од слобода во Тетово поради сомнение за фалсификување исправа.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, апсењето било извршено на 4 ноември во 17 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово.Лицето е задржано во Полициската станица Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво според член 378 од Кривичниот законик. Против него ќе следува понатамошна постапка.
Сподели го овој напис
