Пожар избувнал на електрична бандера во тетовското село Слатино, при што целосно изгорел разводниот ормар со електричните броила.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Тетово на 3 ноември, во 4:35 часот.На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Тетово, чии екипи успеале целосно да го локализираат пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила полициска екипа од СВР Тетово.
Сподели го овој напис
