Мајка пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син, ученик во основно училиште во Тетово, бил физички нападнат од наставничка.Според информациите од МВР, пријавата била поднесена на 2 ноември во 17:20 часот во СВР Тетово од 40-годишна жена од тетовско село.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.
Сподели го овој напис
