Во сообраќајна несреќа во скопското село Љубанци, тешко е повреден 77-годишен пешак, откако во него удрил автомобил „хонда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на 27 октомври околу 12 часот. Автомобилот со скопски регистарски ознаки го управувал 25-годишниот И.Ш. од Скопје. Повредениот пешак А.К. од Љубанци бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата.
Сподели го овој напис
