Сообраќајна незгода во Прилеп открила дека 18-годишник управувал со мопед без да поседува возачка дозвола.Според МВР, на 26 октомври во 12 часот, на крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“, „Тризла“ и „Браќа Шемкоски“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р. А. од Прилеп.При увидот на претходно случената сообраќајна незгода било утврдено дека тој управувал со мопедот без возачка дозвола. По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
