30-годишен скопјанец бил лишен од слобода под сомнение дека измамил 40-годишна познаничка за 1.558.300 денари.Според МВР, на 26 октомври во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н. К. по пријава од жената.Според пријавеното, двајцата претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка, но по завршувањето на постапката, мажот ѝ ги зел парите и одбивал да се види со неа.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
