Мајка пријавила во полиција дека повозрасен маж ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка додека се возеле во автобус на подрачјето на Центар во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 21 октомври, во 21:40 часот, од страна на 45-годишна жена. Настанот, според пријавата, се случил околу 18:35 часот.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
