Триесет и осумгодишен маж од скопското село Студеничани починал откако добил струен удар додека извршувал градежни работи на куќа во изградба во селото Кондово.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагичниот настан бил пријавен вчера, 20 октомври, околу 14 часот, во СВР Скопје.„Во с. Кондово, скопско, М.Б. (38) од с. Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал“, информираат од МВР.На местото
Сподели го овој напис
