31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот во нивниот дом во скопската населба Бит-пазар.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 18 октомври 2026 година, околу 2:50 часот, во СВР Скопје. Жената навела дека нападот се случил претходната вечер, на 17 октомври, околу 22 часот, во домот на подрачјето на Бит-пазар.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
