42-годишна жена и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати во својот дом во скопската населба Бит-пазар, а за нападот е пријавен 23-годишниот посинок на жената.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 17 октомври 2026 година во 19:40 часот, во СВР Скопје. Жената пријавила дека нападот се случил истиот ден, околу 14:30 часот, во нивниот дом.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
