Триесетгодишен жител на Свети Николе бил приведен откако неговиот 57-годишен татко пријавил дека бил физички нападнат од синот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 октомври 2026 година, во 17:30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Ѓ.В. (30), постапувајќи по пријавата од неговиот татко.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Сподели го овој напис
