СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Според пријавата, на 7 август 2026 година, пријавениот, кој работел како поштар, не доставил препорачано писмо до вработена во Министерството за образование и наука, туку се потпишал во нејзино име на списокот за доставени пратки.Со ваквото постапување, според пријавата, ѝ нанел штета на примателката, бидејќи таа ги пропуштила роковите за поднесување жалба
Сподели го овој напис
