Турски државјанин пријавил дека вчера, околу 4 часот по полноќ, биле запалени три автомобили.На 10.10.2026 во СВР Скопје О.А.(54) од Турција, со привремен престој во Скопје пријави дека околу 04:00 часот биле опожарени три возила од кои две возила „сеат“ и едно возило „бмв“ сите со скопски регистарски ознаки.Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Сподели го овој напис
