Три пакувања со прашкаста материја биле пронајдени на прозор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“, соопшти МВР.Случајот бил пријавен на 7 октомври во 22:10 часот во СВР Скопје од страна на установата. Според пријавеното, пакувањата претходно ги оставил осуденикот А.Е. (31).Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
