Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Н. (47) од Битола, по пријава за физички напад во семејниот дом.Според МВР, настанот се случил во семејната куќа во Битола, каде што 47-годишникот физички ги нападнал својот син, сопругата и братот. При нападот, на тројцата им биле нанесени повреди.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Сподели го овој напис
