Во полицијата во Гостивар е пријавен физички напад врз малолетник, што се случил во селото Врањовце.Според пријавата, на 6 октомври во 23:45 часот, 40-годишниот М.М. од селото Дебреше пријавил дека околу 21:30 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.При нападот, како што било пријавено, биле употребени метални и тврди предмети.Од ОВР Гостивар преземаат мерки за пронаоѓање на лицата инволвирани во настанот и целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
