СВР Скопје поднесе кривична пријава против 34-годишниот Ф.И. од село Батинци, скопско, поради сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти МВР.На 11 август 2026 година, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен пиштол „357 магнум“.Според МВР, пријавениот претходно, со употреба на физичка сила, од лицето Г.А. ги одзел пиштолот и парите.
Сподели го овој напис
