43-годишен прилепчанец бил лишен од слобода откако во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга.Од МВР информираат дека на 27 септември во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.А. (43) од Прилеп.Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
