31-годишна жена од Скопје пријавила дека била изложена на закани од нејзиниот девер на подрачјето на општина Аеродром.Од МВР информираат дека на 25 септември во 12:30 часот во СВР Скопје жената пријавила дека ден претходно, околу 11:45 часот, Р.М. од Скопје ѝ се заканувал.Според пријавеното, Р.М. и претходно упатувал закани кон нејзиното блиско семејство.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
