Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 75-годишниот Б.К. од Кавадарци, откако пожар што го предизвикал во сопствена нива се проширил на соседните ниви.Од МВР информираат дека на 24 септември во 18:45 часот, кај местото „Бегово Поле“, во атарот на село Дреново, кавадаречко, Б.К. запалил сува трева во сопствената нива.Пожарот потоа се проширил и зафатил дрва во соседните ниви. Во настанот нема повредени лица, а пожарот го изгаснал самиот 75-годишник.На местото бил извршен увид
Сподели го овој напис
