68-годишна жена од Тетово е тешко повредена откако, според пријавеното, била нападната од глутница кучиња скитници.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 24 септември случајот бил пријавен во СВР Тетово, откако Ш.О. била донесена во Клиничката болница во Тетово со тешки телесни повреди.Според пријавата, жената била нападната од глутница кучиња на улицата „Ѓорче Петров“ во Тетово. Во обид да побегне од кучињата, таа паднала и при падот се здобила со тешки повреди.
Сподели го овој напис
