70-годишна државјанка на Германија била пронајдена почината во хотел на кејот „Македонија“ во Охрид.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 22 септември 2026 година во 23:40 часот во СВР Охрид. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што немало траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Сподели го овој напис
