49-годишна жена е тешко повредена откако во неа удрило патничко возило на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена во СВР Скопје на 17 септември во 11:30 часот. Во несреќата учествувал „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 41-годишниот Ж.Д. од Скопје, кој удрил во 49-годишната Е.Д., исто така од Скопје.Жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.На мес
Сподели го овој напис
