Полицијата во Радовиш пронашла и одзела воздушна пушка при претрес во домот на 61-годишен жител на градот.Од МВР информираат дека на 17 септември 2026 година, во 09:40 часот, полициски службеници од ОВР Радовиш, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот на С.Д.(61) од Радовиш.При претресот била пронајдена и одземена воздушна пушка.По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
