Седумдесет и четиригодишен жител на Виница пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 51-годишен син во семејниот дом.Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година во 21 часот, во ОВР Виница, 74-годишниот маж пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син М.Ј. (51), исто така од Виница.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Сподели го овој напис
