Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Стража, соопшти МВР.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 22:55 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале две патнички возила „голф“.Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а негов сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со второто возило, со тетовски регистарски ознаки, управувал 21-годишниот Д.Н.
Сподели го овој напис
