Четириесетгодишна велешанка пријавила дека била физички нападната и дека ѝ било заканувано од страна на нејзиниот малолетен син, соопшти МВР.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 септември во 20:50 часот во СВР Велес. Жената пријавила дека нападот се случил во нејзиниот дом.За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Сподели го овој напис
