На регионалниот пат Боговиње–Тетово во текот на ноќта бил опожарен излог и дел од фасадата на деловен објект, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот во Полициското одделение Камењане го пријавил И.И. (49) од село Камењане, тетовско, на 10 септември во 08:00 часот. Според пријавеното, пожарот избувнал околу 02:00 часот.Пожарот бил изгаснат, а во настанот нема повредени лица. Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
