Битолчанка била лишена од слобода откако, според пријава, во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко и му нанела повреда.Од МВР информираат дека на 8 септември 2026 година, во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Г.И. (28) од Битола.Според пријавеното, 28-годишната жена во семејниот дом го нападнала својот татко со остар предмет, при што му нанела расекотина.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
