Таксист од Скопје пријавил дека патник му го одзел паричникот со пари и лични документи додека го превезувал на подрачјето на Бит Пазар.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 3 септември во 16:45 часот во СВР Скопје. 56-годишниот С.С., кој управувал такси-возило, пријавил дека околу 15:20 часот, едно лице кое го превезувал му го одзело паричникот од возилото.Во паричникот имало пари и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
