Дваесет и две годишен скопјанец е пријавен дека физички ги нападнал сопругата и својот 17-годишен брат во семејниот дом на подрачјето на Карпош.Според МВР, случајот бил пријавен на 31 август во 23:30 часот, а нападот се случил околу 20:30 часот. Џ.И. физички ги нападнал својата 22-годишна сопруга и малолетниот брат, при што оштетил и дел од покуќнината.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Сподели го овој напис
