Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против 44-годишниот М.К. од Кочани, поради сомнение дека употребил фалсификувана исправа.Според МВР, на 24 јули 2026 година, при гранична контрола на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола.Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Сподели го овој напис
