Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против 52-годишен жител на гостиварско, кој се сомничи дека физички го нападнал својот татко.Од МВР информираат дека Ј.А. (52) е пријавен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.Според пријавеното, на 2 август 2026 година, во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.За случајот е поднесена кривична пријава до надлежните органи.
Сподели го овој напис
