Полицијата во Битола лишила од слобода 49-годишен маж од градот, откако тој физички нападнал вработен во обезбедувањето на казино во комплексот „Нов Пазар“.Според МВР, инцидентот се случил на 13 август околу 23:50 часот на улицата „Довлеџик“. Полициски службеници од СВР Битола го привеле Б.А. (49), кој во казиното физички го нападнал Е.Д. (34) од селото Наколец, ресенско.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
