Дваесет и шестгодишна девојка од Гостивар пријавила дека била физички нападната и добивала закани од нејзиното поранешно момче.Според МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 2:35 часот во Полициското одделение Галате. Девојката пријавила дека околу полноќ, во гостиварско село, била нападната од нејзиниот поранешен партнер У.З., кој е од истото село.Таа, исто така, пријавила дека тој ѝ упатувал закани.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
