Голем пожар избувнал во импровизирана штала во тетовското село Ломница, при што е причинета значителна материјална штета.Како што информира МВР, пожарот бил пријавен на 12 август во 11:15 часот во СВР Тетово. Шталата била сопственост на 51-годишниот В.С.Во пожарот изгореле околу 50 тони храна за стока, како и околу 2.000 бали сено и слама.Нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Гостивар.Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Сподели го овој напис
