Полицијата во Битола лишила од слобода 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.Од СВР Битола информираат дека И.М. бил приведен на 11 август во 08:00 часот, откако во семејниот дом ја нападнал 29-годишната сопруга.Лицето е лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
