Пожар избувнал во куќа на улицата „Индустриска“ во Битола, при што, според информациите од МВР, нема повредени лица.Случајот бил пријавен во СВР Битола на 12 август во 3 часот по полноќ. Припадници на Територијалната противпожарна единица Битола интервенирале на местото и го локализирале пожарот.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
Сподели го овој напис
