Дваесет и двегодишен државјанин на Словачка е уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола било утврдено дека е баран по меѓународна потерница распишана од Интерпол Германија.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за Б.Ф. (22), кој бил приведен на 4 август во 21:00 часот при влез во државата.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Сподели го овој напис
