Полициски службеници од СВР Тетово вчераутро го лишиле од слобода 21-годишниот А.Ш. од Тетово, кој е осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил истиот ден околу 4 часот, кога осомничениот, заканувајќи се со нож, одзел пари од 19-годишниот Д.С. од Тетово.По приведувањето, А.Ш. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
