Автомобил „пежо“ со скопски регистарски таблички ноќеска бил зафатен од пожар на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во скопската населба Гази Баба.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 28 јули во 03:05 часот. Возилото е во сопственост на 27-годишниот А.Р. од Скопје.На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.Полицијата извршила увид, а се преземаат мерки за утврдување на прич
Сподели го овој напис
