Полициски службеници од СВР Тетово на 19 јули околу 10:30 часот го лишиле од слобода 47-годишниот О.С. од Тетово, по претходна пријава дека во семејниот дом му упатувал закани на својот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по приведувањето на осомничениот било извршено алкотестирање, при што биле измерени 3,22 промили алкохол во крвта.По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
